Кошаркарите на КК Борец баскет со втора победа по две средби во Втората лига

Петар Печков

Во шестото коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Велес во Штип загуби од екипата на КМФ Астибо со 5:4. Во третото коло на КМФ во Втората лига  во Кавадарци КМФ кеги моби победи со 0:5 против КМФ Килими. 

Во Првата женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Борец во Дојран загуби од ЖФК Истатов со 8:0  во соседско дерби на двете екипи со по 10 бодови. Во следното коло фудбалерките на Борец ја пречекуваат второпласираната екипа на ЖФК Тиверија од Струмица. 

Одбојкарите на ГОК Борец во четвртото коло загуби со максимални 0:3 ( 22, 13, 17)  од екипата на ОК Весна од Пробиштип. Средбата која се одигра во салта на ОУ Блаже Конески беше натпревар на две екипи кои немаа ниту бод а по натпреварот, гостите ги запиша првите во нивното салдо, велешани остануваат последни деветти, без освоен сет.

Кошаркарите на КК Борец баскет дома во второто коло ја совладаа екипа ан КК Струмица со 73:68 и по две кола имаат две победи. Следното коло гостуваат во Тетово на екипата на ТФТ која како и велешани има две победи. 

Во  Втората ракометна лига, група 2, во шестото коло ГРК Борец загуби во Гевгелија од екипата на РК партизан со убедливи 32:23. И двете екипи досега немаа ниту бода, па сега домаќините ги пишаа првите а велешани ќе причекаат за првата радост. Во следното коло, ГРК Борец дома игра со екипата на РК Јехона од Гостивар, која е шеста со две победи. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

  • да
  • како каде
  • не
Резултати