Која е просечната надморска височина на Македонија

Петар Печков

Во однос на просечната височина, во Европа највисока е Андора со 2076 m, потоа Швајцарија со 1297 m и Лихтенштајн со 1079 m. По нив следуваат Црна Гора (1028 m), Австрија (944 m) и Македонија (829 m). Македонија е 6-та според просечната височина, но ако се исклучат малите државички како Андора и Лихтенштајн, доаѓа на високото 4-то место. Најмала просечна височина, пак, имаат Холандија со 10,5 m, Данска со 32 m и Естонија со 53 m. 

Во однос на наклоните, повторно прва е Андора, со просечни 26 степени, потоа Монако и Лихтенштајн со по околу 20 степени, Швајцарија со 18,5 степени, Албанија со 16,2 степени, а потоа Австрија, Црна Гора и Македонија со по над 15 степени. Значи тргајќи ги настрана малите државички, Македонија е на високото 5-то место според просечната наклонетост на теренот. Како држави со најмал просечен наклон се издвојуваат Холандија со само 0,5 степени, потоа Естонија со 1 степен, па Белорусија, Данска и Литванија со по 1,5 степен. Тоа се „најрамните“ држави во Европа. 

Според претходното, Република Македонија е меѓу 5-те највисоки и најстрмни држави во Европа, а на Балканскиот Полуостров е веднаш по Црна Гора.

Без оглед на многубројните дигитални висински модели (национални, континентални или глобални) кои ја покриваат територијата на Европа, сепак, во литературата не се среќаваат унифицирани и стандардизирани морфометриски податоци за државите на европскиот континент. Од друга страна, релјефната разновидност на регионите и државите доста добро може да се согледа токму преку вакви стандардизирани морфометриски податоци. 

За таа цел, користејќи ги двата современи и квалитетни глобални дигитални висински модели MERIT и SRTM, направени се квантитативни анализи по држави, за целиот континент. Во анализите главно се опфатени минималната, максималната и просечната височина, максималните и просечните наклони на теренот. Првин, од споменатите модели е издвоено подрачјето на Европа, со 54-те држави. Воедно, направена е проверка на точноста на моделите, при што како референтен е користен 5-метарскиот висински модел на Република Македонија. Утврдените отстапувања се користени како индекси за корекција на вредностите од моделите SRTM и MERIT. Најголеми отстапувања се забележани кај вредностите за максимална височина во дадена држава (до 58 метри) и кај максималните наклони (до 15 степени). Сепак, по извршените корекции добивме резултати кои се многу блиски до реалните вредности.

Автор на текстот проф. Ивица Милевски

преземено од  http://www.fakulteti.mk

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com