Крале Марко, нов стрип мурал кој ги краси празните ѕидови од градот

Петар Печков

Велес доби нов стрип  мурал, Крале Марко кој е нацртан во  подножјето на  Градскиот саат, близу до Стариот мост. Осум дена го цртаа тројца цртачи од Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес, Ване Трајков, Анита Гочева и Горан Мазнев. 

Ова ни е прва од многуте активности годинава. Со овој стрип мурал на Крале Марко  одиме поназад во времето од сите досегашни и нацртавме лик од нашите простори, од минатото. Се надевам дека доловивме моменти од неговиот живот  и времето кога живеел и муралот претставува убава атракција за велешани и неговите гости - рече Трајков. 

Покрај  ликот на Крале Марко нацртани се неговата мајка и копјаник, кои го испраќаат во поход.  Цртежот зафаќа површина од 33 м2.

Крале Марко е цртан по наше видување, таков како што бил, малку лут и гневен на приликите во кој живеел. Животот не му бил розов и бил намуртен, па затоа и таков го нацртавме - додава Трајков.  

Ликот на Крале Марко е прв сосед на ланскиот мурал, мотивот од вестерн  филмот „Точно на пладне,, со Гари Купер а од десно е Ленка на Рацин.  Авторот дава интересно објаснување зошто се решиле за стрип илустрација на најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. 

Кога лани го цртавме   моментот од „Точно на пладне“ минувачите бараа да нацртаме нешто наше, македонско. Кога сега цртавме, бараа да цртаме нешто од НОБ. Верувам да избираме на конкурс, дали  ќе најдеме лик кој нема да предизвика реакции - вели Трајков.  

Проектот е финансиран од Министерството за култура. Ова е шести стрип мурал, кој Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес е нацртан на ѕидовите во Велес. Бидејќи на ова површина има празен простор за уште стрип сцени,  се надева дека дали локална власт, дали некој од приватните стопанственици ќе вложи да се нацртаат други сцени со други јунаци и да се украсат голите ѕидови на просторот и градот. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати