Куќата на Рацин и натаму најинтересна за гостите во Велес

Петар Печков

Велешкиот музеј мината година го посетиле 1.838 посетители, што е повеќе отколку во 2015-та. За поголемиот дел од нив и натаму најатрактивна е спомен куќата на поетот Коста Солев Рацин која во 2016-та  имала повеќе од илјада гости. Ова се бројките за посетеноста на објектите на Народен музеј Велес. 

Најмногу посетители, како и годините наназад се учениците, основци и средношколци. Посетителите доаѓаат организирано но и индивидуално. Имаме и посетители од странство.  Од спомен куќите  убедливо најголем интерес има за таа на Рацин, далеку подалеку се тие на Главинов, Касапови и Џинот - изјави Весна   Трипчева водич во ЛУ Народен музеј.

Кај посетителите  има подеднаков интерес за експонатите од археолошкото, етнолошкото и историското одделение и постановка на музејот. Но секако   во зградата на Музејот најмногу внимание привлекува вредната изложба на накит од велешко, низ вековите.   На почетокот на мината година  беше завршена реконструкцијата  на Спомен Костурницата од НОБ. Така повторно е достапен на увид на јавноста, најголемиот мозаик во Македонија, дело на Петар Мазев,  кое  во внатрешноста на објектот. 

Околу 1,5 илјади гости, ученици но и наследници на борците дојдоа да го видат овој монументален споменик за НОБ. За разлика од нив  спомен куќите во историското Горно Врановци, каде престојувал државниот врв на Македонија во 1944-тата,  се со драстично намелен број посетители. Лошиот пат, затворањето на мотелот придонесоа селото  да не биде атрактивно за гости  - вели Марин Клифов виш кустос задолжен за овие две спомен јадра.  

Цената на  билетите  за влез е   10 денари ученик, 20 денари возрасни и 50 денари за странци. Споредено бројката на посетители е поголема за стотина во однос на 2015-та кога имало 1.774 илјади посетители.  

Од  2015-та се воведе наплата на користењето на спомен куќите на   Рацин, Џинот, Главинов и Касапови, за снимање на дел од свадбените свечености.    Но во пракса се покажа дека цената од 300 денари во работен ден и 500 за викенд е висока, па сега многу ретко некој од младите се одлучуваат да снимаат свадбени спотови. Наспроти  кога беше без надомест,  па тогаш спомен куќите беа често користени.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати