Петар Печков
Објавено: петок, 10 јануари 2025
Лазар Ракиџиев поднел оставка на позицијата претседател на Општинскиот фудбалски сојуз Велес, објави порталот sportsport.mk. Со него од врвот на локалната фудбалска асоцијација заминал и Роберт Гочевски, кој беше потпретседател.
Ракиџиев и Гочевски беа избрани на претседател и потпретседател на редовното Собрание на ОФС Велес на 15 јануари 2021 година и нивниот мандат од четири години, истекуваше за пет дена.
Ракиџиев беше во врвот на македонскиот фудбал, како потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија од април 2019 година.
Тој неодамна си даде оставка од оваа позиција и најави целосно повлекување од фудбалот. Се очекува наскоро изборно Собрание на ОФС Велес, кога ќе се избере ново раководство.