Лани летото, во градот имало две каснувања од змија, и двата случаи биле кај мажи додека работеле дома во градината

Петар Печков

Во изминатата година имало две каснувања од змии. И двата случаи биле во  првата половина на месец јули 2023 година, кога се пријавени двајца пациенти на одделот за инфективни болести во ЈЗУ Општа болница Велес. Двајцата се од машки пол. Двете каснувања се случиле во периферијата на Велес,на приватен имот.

„Првиот пациент е на возраст од 42 години,на 4 јули  бил каснат од смок,кој го видел како потоа бега во високата трева. Каснат е над скочен зглоб. Локално се прателе две греботини, соодветни за каснување од змија. На пациентот му е направена тоалета на рана, дадена е соодветна терапија, како и серум антивиперинум и направена е антитетанична профилакса“- кажа Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.

„Другиот пациент е на 35 годишна возраст,на ден 13 јули, кога работејќи во сопствената градина,околу 18 часот,бил каснат од змија,која не ја видел,па од тие причини не можел да утврди дали е отровна или не. Го почувствувал каснувањето како болка на десната подлактица,на која видливо се прателе два убода,карактеристични за каснување од змија. Дадена е соодветна терапија,серум антивиперинум и антитетаникум“ - додаде Андова.

Соодветната терапија ја примиле на одделението  за инфективни болести во ЈЗУ Општа болница Велес.
„ЈЗУ Општа болница Велес има обезбедено доволни количини на серум и се грижи за безбедноста на здравјето кај пациентите“ - изјави Андова.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати