Петар Печков
Објавено: вторник, 20 јануари 2026
Секој петти ден минатата година Велешани дишеле загаден воздух, со параметри на ПМ 10 над дозволените 50 мг/м3. Просечната загаденост на амбиенталниот воздух во градот била 41,3 мг/м3. Ова се податоците објавени од Министерството за животна средина. Или лани 77 дена се регистрирани повисоки вредности од граничните.
Со овој квалитет на воздухот Велес е при врвот во Македонија, после Лисиче со 49,95 и 108 дена повисоки вредности, Кичево со 47,12 мг/м3 и 105 дена загаден воздух, Струмица со 46,98 мг/м3 и 108 дена, Кавадарци 46.15 мг/м3 и 105 дена загаден воздух, Центар со 46,65 мг/м3 и 102 дена над граничната вредност, додека Гостивар, Битола, Тетово имаат слични просечни вредности, со тоа што овие градови имаат поголем број на денови со загаден воздух, Гостивар 94, Битола 97 и Тетово 86.
По месеци најмногу денови со загаден воздух во Велес имало во јануари 21, во декември 20, во ноември 12 и еден што е зачудувачко во јуни. Лани имало 12 дена кога мерните инструменти не работеле.
Според мерните инструменти на Министерството за животна средина, лани пет пати е надминат прагот на информирање, кога два и повеќе дена измерените вредности биле над 100 мг/м3, додека прагот на алармирање во 2025 не е надмината. Тоа е кога два и повеќе дена измерените вредности се над 150 мг/м3.
