Леб на Жито Вардар нема, засега

Петар Печков

Од денес жителите на Велес не можат да набават леб производство  од Жито Вардар. Времено е запрено производството а дали и кога ќе започне зависи од новиот сопственик, кога ќе уплати пари.

Продавачите денес, редовните купувачи на велешкиот леб  со децениска традиција, ги информираа дека  има застој и за некој ден ќе продолжи производството. ТрМр побара одговор од лице кое е запознаен со случајот и тој го даде следниот одговор.

На 31 мај 2018-та истече договорот на дотогашниот изнајмувач на опремата со која произведуваше леб. Таа се продаде на јавен повик бидејќи АД Жито Васрдар е во стечај а новиот сопственик, скопска трговска фирма, треба да ги уплати парите. Кога ќе ги уплати, ќе може да ја користи опремата и да произведува леб - изјави соговрникот кој бараше анонимност. 

Непроизводството на леб од Жито Вардар не се почувстува во велешките продавници, очигледно друите производители го зголемиле нивното па леб имаше доволно. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати