Леб ниту за лек, оваа недела во Велес

Петар Печков

Овој ден, недела, 15-ти март, напладне снема леб во велешките маркети и продавници. Тие што решиле подоцна да се снабдат останаа со  празни раце. Стравот од корона вирусот ги натера купувачите да набавуваат леб во големи количини

Бев во неколку продавници во центарот на градот, леб нема. Како да е судниот ден, се се потрошило. Не гледам сериозна причина за толкава потрошувачка. Колку што знам маркетите нема да се затвораат алеб се произведува вообичаено – вели велешанец кој ќе мора да се снаоѓа како што знее и умее со негвото семејство за денешниот ручек. 

Производителите на леб денес, недела испорачале вообичаено количество, но евидентно е дека имало зголемена потрошувачка, најверојанто како резултат на стравувањата од корона вирусот и затворањето на  некои објекти –угостителски, коцкарници, обложувалници. 

Последен пат ваква ситуација во Велес имаше на вториот ден од 2014-тата, 2-ри јануари кога леб снема во велешките продавници. 

 Фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати