Ликовниот салон реконструиран, венчавките повторно во овој објект

Петар Печков

После месеци и половина градежни работи, од викендот  Ликовниот салон е повторно во функција. Тука ќе се извршуваат и венчавките на брачните парови.

Од почетокот на јули овој простор беше под градежни зафати. Се менуваа водоводната и електричната инсталација, се уредуваа подот и ѕидовите и се изведоа молерско фарбарски работи. 

За оваа намена Општина Велес издвои 258илјади денари, од кои 165 илјади беа за градежните активности и 93 илјади за електричната инсталација.

Во овој период браковите се склопуваа во фоајето на Библиотеката. Од денес, понеделник,  ќе биде поставена и ликовна изложба, на материјали сопственост на Народниот музеј од Велес.   

Наскоро откако ќе заврши тендерската постапка ќе бидат поставени и нови ер кондишн. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати