Локалната власт во Велес има ангажирано фирма, но нема интервенирано за дивоградби

Петар Печков

Во  Oпштина Велес има околу 9,5 илјади дивоградби, Ова е проценка на општинските служби а врз основа на пристигнативе барања за легализација на дивоградби.  

И додека министерот за транспорт и врски Благој Бочаварски ги повика локалните власти да ангажираат фирми и да постапуваат по решенијата, општина Велес досега во мандатот на сегашниот градоначалник не постапила во ниту еден случај.  

Имаме ангажирано фирма на тендер но  не сме интервенирале се уште.  Се обидуваме да го решаваме тоа на мирољубив начин - кажа градоначалникот Коцевски, одговарајќи на новинарско прашање, колку решенија за рушење од надлежната инспекција  има  спроведено.

Наспроти ова министерот Бочварски повика на почитување на законите и регулативата, заради функционирање на  правната држава  како што нагласи се придонесува  за побрз и посилен развој.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати