Локалната власт на Општина Чашка набави 35 компјутери за наставниците од основните училишта

Петар Печков



Локалната власт на Општина чашка набави  35 компјутери кои се наменети за наставниот кадар од двете основни училишта кои работат во Општината.  Средствата се обезбедени од буџетот на општина Чашка во висина од 800 илјади  денари .

Со овие  компјутери,  наставниот кадар  во основните училишта,  успешно ќе го спроведуваат комбинираниот модел на онлајн настава, согласно насоките од МОН - кажа градоначалникот на Општината Горан Стојановски.  

Во наредниов период, по спроведена тендерска постапка, ќе се обезбедат таблети за околу 300 ученици од социјално ранлива категорија на семејства во Општина Чашка во вредност од еден милион денари, а со цел успешно спроведување на онлајн наставата на територијата на општината.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати