Петар Печков
Објавено: петок, 05 декември 2025
Учениците Семра Алиов, Анастасија Јакимовска и Филип Јовановски се победници на годинашнава 29-та по ред Ликовна работилница, реализирана во РЦ Маца Овчарова од Велес основно училиште за ученци си попречености. Темата на која учесниците твореа беше „Македонско културно наследство“ .
На работилницата учествуваа ученици од училиштето и сродните на него од Македонија, основни училишта каде има паралелки за овие деца, како и сите основни училишта од Велес. Имаше примено дела по е-пошта и од Србија, од училиштето за деца со проблеми во слухот „Стефан Дечански“ од Белград.
„Со оваа Ликовна работилница по повод 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, со многу креативност, дружба и позитивна енергија го одбележавме настанот. Учениците создадоа прекрасни дела и нѐ потсетија дека различноста е сила, а уметноста е простор каде сите сме еднакви. Голема благодарност до сите учесници кои придонесоа да го зачуваме духот на инклузијата и заедништвото. Продолжуваме да градиме поддржувачка и инклузивна средина“ – кажа директорката на училиштето Снежана Стојановска.
фото: ОУРЦ Маца Овчарова Велес
