Локомотивата се расипа, премините блокирани, сообраќајот во Велес во хаос

Петар Печков

Попладнево околу 17,30 ч. товарниот воз кој од Солун возел за Белград, носејќи кинеска стока, непланирано застанал среде Велес. Поради застојот трите патни премини се блокирани, ниту се одвива сообраќај, ниту пешаците можат да преминат преку.    

Расипана е локомотивата на товарниот воз. Очекуваме да дојде нова и возот да биде повлечен, по што и премините ќе бидат ослободени  - објаснија  од велешката железничка станица. 

Блокирани се двата премина кои водат до населбата Дворови и жителите за да стигнат дома мора да вртат дури до подвозникот кај Мало мовче.  Блокиран е и преминот на мостот Гемиџии, па за да се стигне од стариот  во новиот дел на Велессе користи преминот кај Стар мост, каде има голема колона возила. Поради овој застој и патничкиот воз кој  од Велес за Гевгелија тргнува во 17,40  патувањето ќе го продолжи со отстранувањето на товарниот воз од пругата.  

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати