МРК Борец се откажа од натпреварите во Првата ракометна лига

Петар Печков

Викендов започнува новото првенство  2024/25  од Првата ракомена лига, каде беше пријавен да учествува и велешки МРК Борец. На неколку дена пред почетокот, од клубот најавија дека нема да се натпреваруваат оваа година.

„Не добивме термини за тренинзи за подготовки во салата Гемиџии. Како да се натпреваруваме кога нема каде  да тренираме. Ги нема ниту ваучерите со кои можевме да обезбедиме средства за настапите. Така што ова одлука, не по наша вина, ја донесовме притиснати од овие проблеми. И со десеткувана екипа, имаме млади, кои сакаа да настапуваат и играат. Клубот не е згаснат. Еден е Борец“ порачаа од МРК Борец.

ТрМр испрати прашње до ЈП Парк спорт, зошто МРК Борец не добил термини за тренинзи, но до денес петок, одговор немаше.

Клубот наследник на екипата која во 1994 го освои Купот а следната година и титулата првак на Македонија, годинава нема да се натпреварува. Во првото коло од Првата лига требаше да игра со екипата на РК Еурофарм 2 од Битола.

Изинатите две сезони и покрај исклучително младата- јуниорска  екипа, со желба РК Борец  да не згасне, се натпреваруваше во Првата лига а за две сезони  имаше само едно реми, во последното коло од изминатата сезона.

 фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати