Македонија ја доби првата претседателка, Гордана Силјановска Дафкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Петар Печков

Гордана Силјановска Дафкова е новиот претедател на Македонија, прва жена која во три децениската историја на самостојна Македонија е на оваа позиција. Таа  како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг на претседателските избори по 99 отсто пребројани избирачки места има освоено 65,14% додека нејзиниот противкандидат од редовите на СДСМ Стево Пендаровски има 29,25%.  

Во Општина Велес, Силјановска Дафкова има освоено 71,76% додека Пендаровски  24,46% од сите 84  пребројани избирачки места во ОИК Велес.

Во Општина Градско  податоците се  за сите 11 избирачки места и Гордана Силјановска Дафкова има освоено 72,27% а Стево Пендаровски 25,09%. 

Во Општина Лозово  податоците се  за сите 9 избирачки места и Гордана Силјановска Дафкова има освоено 72,36% а Стево Пендаровски 23,61%. 

Во Општина Чашка податоците се  за сите 30 избирачки места и Гордана Силјановска Дафкова има освоено 54,22% а Стево Пендаровски 42,05%. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

  • да
  • не
Резултати