Македонска фудбалска репрезентација се пласира на Европско првенство

Петар Печков

Со голот на Горан Пандев во 55-та минута репрезентација на Македонија  како гостин во Тбилиси, ја совлада селекцијата на Грузија. Со оваа победа  во баражот,  Македонија за прв пат во својата историјата  се пласира на Европско првенство во фудбал.

Остварен е успех што ќе се памети со генерации. По кошаркарите, ракометарите и одбојкарите  и фудбалерите се најдоа на завршницата не еден фудбалски самит.  

Веќе е познато и групата и распоредот на натпреварите на селекцијата на Македонија на завршницата. Првиот натпревар на Евро 2020 репрезентацијата го игра на 13-ти јуни со Австрија, следниот против Украина на 17-ти , и двата натпревари се играат во Букурешт -Романија. Последниот натпревар во групата Македонија го игра на 21-ви ви јуни во Амстердам со Холандија.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати