ФК Борец останува во Трета лига Југ, загуби во баражот од ФК Кожуф

Петар Печков

Пораз за велешки ФК Борец во бараж натпреварот за пополнување на Втора лига. Играа во Кочани на стадионот Никола Мантов со ФК Кожуф кој беше деветто пласиран во Втората лига. Резултатот е убедлив пораз за ФК Борец со 4:0, полувреме 2:0. Со ова клубот и следната сезона ќе игра во Трата лига Југ, каде оваа сезона 2025/26 беше првак. 

Во двата останати баражи ФК Еуромилк првак на Трета лига Север победи над ФК Каменица САСА член на Втората лига, го освои 11 место. Во третиот бараж ФК Камењане, првак на Трета лига Запад  победи со 2:0 над првакот на Трета лига Исток, ФК Победа од Валандово. Четвртито бараж се игра недела и играат ФК Тетекс десетто пласиран во Втора лига   и ФК Влазними од Струга победник на Трета лига Југозапад.

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати