Македонскиот филм „Мајка“ пред велешката публика во Киноверзум

Петар Печков

Четири филма се на репертоарот на Киноверзум Велес, три се премиерни, кои же бидат прикажани во три работннни дена –петок, сабота и среда.Еден од премиерите  е македонскиот игран филм „Мајка“.

Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, е прв филм на Митевска на англиски јазик, по сценарио нејзино и на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ. Филмот, кој имаше светска премиера на Венецискиот филмски фестивал, на отворањето на програмата Хоризонти, е за седум дена од животот на Мајка Тереза во 1948 во Индија, со сите душевни премрежиња што ги имала додека чекала одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред. Во него е прикажана и битката на жената помеѓу слободниот и животот посветен на Бога. Мајка Тереза ја игра шведската актерка Номи Рапас, Никола Ристановски го игра отец Фредерик, а Силвија Хокс сестра Агнешка. 

Пред четири години, 13-годишниот Фин го убил својот киднапер и избегал и станал единствен преживеан од Грабнувачот. Но вистинското зло ја надминува смртта... И телефонот повторно ѕвони. Четирикратниот кандидат за оскар, Итан Хок, се враќа на најзлокобната улога во неговата кариера во „Црна телефон2“, додека Грабнувачот бара одмазда кон Фин (Mason Thames) од гробот, заканувајќи се на помалата сестра на Фин, Гвен (Madeleine McGraw). Додека Фин, сега на 17 години, се мачи со својот живот после заронебиштвото, тврдоглавата 15 годишна Гвен почнува да прима повици во своите соништа од црниот телефон и да гледа визнемирувачки визии од три момчиња кои се прогонувани во зимски камп познат како Алпајн Лејк. Решена да ја реши мистеријата и да го прекине измачувањето за неа и нејзинот брат, Гвен го убедува Фин да го посетат кампот за време на зимска бура. Таму открива страшна поврзаност помеѓу Грабнувачот и минатото на нејзиното семејство. Заедно, таа и Фин мораат да се соочат со убиец кој станал уште помоќен во смртта и поважен за нив отколку што можат да замислат.  

Премиера на американската романтична драма „Без каење.   Го прикажува напнатиот однос помеѓу младата мајка Морган Грант и нејзината ќерка-тинејџерка, Клара, кој се влошува поради трагичната смрт на сопругот на Морган, Крис, и ги принудува заедно да се соочуваат со животните предизвици. 
Се прикажува и германскиот анимиран филм, „Тафити и пустинската авантура“ синхорнизиран на македонски.  Тафити, млад меркат, првично го отфрла пријателството со Брислс, грмушесто прасе. Кога неговиот дедо е каснат од змија, Тафити тргнува да го пронајде цветот за лекот. Брислс сака да докаже дека авантурите се секогаш подобри со пријатели.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати