Петар Печков
Објавено: четврток, 28 мај 2026
Македонски железници заедно со Европските железници и ЕУ ќе го решаваат тесното грло, железничкиот патен премин на Стар мост, кој се покрива рачно, со вработен железничар. За разлика од останатите патни премини кои се автоматизирани. За да може тоа да се случи, ќе е бара од локалната власт да се донесе одлука за патниот сообраќај на Стар мост да се одвива во еден правец.
„Од Салцбург до Солун, на коридорот 10 единствен железнички патен премин кој се обезбедува рачно е тој на Стар мост. Има решение да се автоматизира а за тоа е потребно сообраќајот по Стар мост да се одвива во еден правец, дали од лево кон десно или обратно нема значење каква одлука ќе се донесе така. За тоа имаме и обезбедено соодветна документација. Ова наше барање ќе го доставиме до Советот на Општина Велес“ – кажа вработен во МЖ за одржување на автоматски патни премини.
Бидејќи овој премин е единствен во Велес од четирите кој се регулира со рачно спуштање и кревање на безбедносните рампи, и тоа на 10 минути пред доаѓање на возот, се создаваат колони возила.
Праксата покажала дека големите возила автобуси за да може да се приклучат од улица Димко Најдов кон Стар мост и обратно имаат проблем да се разминат во различни правци, кога ќе се најдат две такви возила на преминот.
Па постои опасност возилото да остане на шините и воз да налета на него, додека замине. Според решението на МЖ ако сообраќајот биде еднонасочен такви проблеми нема да има.
