Петар Печков
Објавено: вторник, 05 мај 2026
Лошото, без малку зимско време за првомајските празници, продолжениот празничен викенд од три дена, ги испразни првомајските излетнички места во велешко. Тоа пак придонесе и за помалку смет по јавните површини. За ова говорат и информациите од РЕ комунална хигиена при ЈКП Дервен.
„За трите дена собрани се три трактори, по еден од излетничките места Долна Бабуна, езеро Младост и Градски парк. Тоа се вонредни активности за собирање на ѓубре по површините каде престојувале излетниците. Во ова количество не е празнењето на контејнерите од овие локалитети, што е редовна, тековна обврска“ – информираа од ЈКП Дервен.
