Менче Андреева е прв директор на ново востановениот Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик

Петар Печков

Велешанката  Менче Андреева е прв директор на Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик. Таа е избрана од Владата по објавениот  конкурс.

Андреева е дипломиран лектор на Филолошкиот факултет  катедра за  македонски јазик и литература, при УКИМ. Таа досега  беше  вработена како професор по маекдонски јазик во Основното училиште Рајко Жинзифов во Горно Оризари. 

Андреева беше член на Советот на Општина Велес и по именувањето на  раководна позиција во Инспекторатот, се повлекува од Советот и следна на листата за влез  е д-р Силвија Богоевска.  

Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик ќе врши надзор над примената на Законот за употреба на македонскиот јазик и на прописите донесени врз основа на овој закон.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати