Петар Печков
Објавено: петок, 20 декември 2024
По пауза од повеќе од месец дена, велешани можат да видат како воздух дишат. Од 14 декември мерната станица на Министерството за животна средина ги покажува измерените вредности и средно дневни и часовни. Со тоа што сега ги нема часовните вредности за ПМ2,5 честичките, кои се мошне опасни бидејќи влегуваат преку вдишувањето длабоко во организмот.
Но податоците за изминатите пет дена се поразителни. Освен на 15-ти декември неделата, сите останати се со воздух кој бил загаден. Вредностите се движат околу 80 мг/м3 за вчера, четврток да бидат и 90 мг/м3.
Според истражување на локаланта власт од пред десетина години, најмногу воздухот во градот со 70 отсто е загадување од домаќинствата, па 20 отсто од сообраќајот и 10 отсто од индустријата. Часовните мерни вредности од инструментите на AirCare покажуваат дека воздухoт во градот најмногу е загаден во перидот од 7 до 19 и од 16 до 22 часот.
Од Министерството за животна средина соопшти дека проблемот поради кој не се објавуаа вредносите бил технички, поради проблем со уредот за превземање на податоци во мониторинг станицата за квалитет на воздух Велес 2, немала можност да се воспостави комуникација со базата за собирање на податоците и заради тоа податоци за измерените концентрации на загадувачките супстанци не се прикажуваа на порталот за квалитет на воздух.