Месноста Дворови доби спортски терени и детски забавен парк (видео)

Петар Печков

Заврши реконструкцијата на спортските терени и детскиот забавен парк во  месноста Дворови. Локалната власт создаде место за рекреација,  забава и дружење на жителите од оваа населба, но и центарот на градот, место каде поради близината на реката Вардар е пријатно за минување на времето во летните вечери.

Од Општина Велес информираа дека со проектот извршена е реконструкција на атлетска патека со должина од околу 288 метри, површина од 1440 м2 со широчина 5 м. Спортските терени се за ракомет и баскет. 

Поставена е урбана опрема за деца -  трамболина, две лулашки, две клацкалки, мрежа за качување со метална конструкција , три коњчиња, ѕид за искачување -карпа за искачување, композиција од три сегментни коцки со лизгалка, натстрешница од метална конструкција и триаголни платна , 10 клупи со наслон и седум клупи без наслон , како и пет фитнес елементи во делот позади спортските терени , поставени се и 5 корпи за отпадоци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати