Министерството за одбрана го зголемува интересот кај младите за воената професија, започна популаризацијата на воената професија

Петар Печков


Во средното  училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес се одржа информативно предавање за популаризација на воената професија.  Со ова започна  проектот за популаризација на воената професија, каде претставници од Министерството за одбрана и Воената Академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата ги информираа средношколците за можностите кои таа ги нуди.

„На информативните предавања младите имаа можност да се запознаат со условите за прием на служба во Армијата, но и со можностите за личен и професионален напредок кои се дел од воената професија. Целта на проектот е зголемување на интересот на младите за воената професија, а со тоа и зголемување на интересот на огласите за професионални војници и питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, што е од особена важност при селектирање на различни профили на кадри“ – соопштија од Министерството за одбрана.
 
Министерството за одбрана наскоро ќе објави оглас за прием на 300 професионални војници на кој ќе можат да се пријават сите млади македонски граѓани. Со овој потег најавен од министерот Мисајловски ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено таа ќе се подмлади со млади и мотивирани граѓани чија задача ќе биде безбедноста на татковината.

Популаризацијата на воената професија низ средните училишта ќе се реализира во период од февруари до април 2025 година и ќе опфати 99 средни училишта низ државата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати