Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 мај 2026
Медицинските сестри -акушерката Елизабета Митковска, медицинската сестра од детско одделение Дафина Ѓоргиевска и двете од од ЈЗУ Општа болница Велес и Елисавета Ангеловска од ЈЗУ Здравствен дом – трудова медицина, се трите велешанки и дел од добитничките на републичките признанија за годишните награди за медицински сестри и акушерки.
Ова седмица 5-12 мај е недела на сестринството, Национална и Европска недела на медицинските сестри и акушерки. Вчера, недела, на свеченост во хотелот Холидеј Ин во Скопје им беа врачени признанијата за најхуманите медицински сестри и техничари и акушерки.
„Медицинските сестри, техничарите се првите што доаѓаат во контакт со пациентите, но и со здравите кои сакаа да го сочуваат своето здравје. На болните им помагаат да им се олесни болката, страдањето. Акушерките се први кои доаѓаа во контакт со новороденчето и тие ја имаат најубавата задача да помагаат при доаѓањето на свет на бебето“ - кажа Ружица Нацева, претседателка на општинското Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки од Велес.
Мотото на 12 мај денот на медицинските сестри е „нашите медицинските сестри се нашата иднина, силни медицински сестри спасуваат живот“ а 5 мај е денот на акушерките.
Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.
