Петар Печков
Објавено: недела, 03 ноември 2024
Фросина Михајловска и олимпиецот Дарио Ивановски се победници на трката од 10 км која се одржа денес во Градскиот парк а по повод 9 Ноември Денот на ослободувањето на Велес. Тие ги постигнаа следните резултати Михајловска 42:03 а Ивановски 33:33. Зад нив се пласира кај жените Tea Божиновска с о 45:22 и трета беше Емили Ивановска 46:58. Кај мажите второпласиран беше Жан Тосев со време од 35:26 и Миле Бачевски 37:13. Во оваа конкуренција трчаа 20 жени на целта стигнаа 18 а кај мажите трчаа 80 а на целта пристигнаа 77.
Се трчаше и на 5 км. Кај жените победи Марија Савковска со време од 25:28, втора беше Анита Величковска 26:32 а трета Ива Цекова 27:34. Кај мажите најбрз беше Роберто Димитриевски со 17:57, втор Петре Завировски со 18:19 а трет Андреј Арсов со 19:08. На 5км. трчаа 66 жени а на целта пристигнаа 61, додека кај мажите имаше 76 учесника а патеката ја истрчаа 69.
Или на 9 ноемвриската „Велес трча“ учествуваа 242 тркачи. Еден круг, кој беше низ градски парк беше во должина од 1,25 км. Организатор беше АК Борец.