Младо момче, член на ФК Превалец трагично го заврши животот во сообраќајка, во Кочанско

Петар Печков

Младо момче, велешанец загина во сообраќајка која се случи во кочанско. Фудбалскиот клуб ФК Превалец, член на Третата фудбалска лига Југ,   го идентификува починатиот,   како нивен фудбалер Гоце Коцевски.

Трагично заврши животот на  момчето од Велес кое со  автомобилот  излетало од патот Кочани - Три Чешми.

„Прерано не напушти нашиот фудбалер, а пред се голем пријател и другар Гоце Коцевски. Замина на своето последно патување. Нека ти е светол патот до вечноста. Вечно ќе бидеш во нашите срца и никогаш нема да бидеш заборавен“ – напишаа од клчубот на ФБ.

Средата претпладне во полиција е пријавено дека на експресниот пат патничко возило излетало од патот, а од повредите возачот, Г.К. (21 год) од Велес починал на самото место на несреќата.
„На 31.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за с.Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(21) од Велес, излетало од коловозот.  Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт“ – соопшти МВР.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

фото ФБ/ ФК Превалец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати