Моторист во Бузалково тешко се повреди откако паднал од четирициклот

Петар Печков

Моторист од Бузалково, саботатаа попланде  паднал од моторот удрил во ѕид и тешко се повредил. Поради тежината на повредата е пренесен на клинички во Скопје.

„Околу 14,30 ч,. примен е повик за  интервенција врз лице кое паднало од мотор во Бузалково родено 1970 година, жител на селото. Има повреда на глава, згрижен на лице мсето, дерориентиран, транспротиран до ургентен центар во болница Велес “ – кажа д-р Василка Пановска, началник на службата на Итната помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„Примен е пациент со повреда на глава, извршено е компјутерско снимање, сомнолентен. Констатирани повреди на глава со внатрешно крварење, дадена е неопхода здравствена помош и препратен на Неврохриругија во Скоипје“ – соопшти д-р Биљана Босилкова, портпарол на Општа болница Велес.

Официјалнта информација од СВР Велес гласи:
„На 22.ОЗ.2025 околу 14.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на локалниот пат во Бузалково, велешко, четирицикл управуван од С.С. (55 год) од.Бузалково излетал од патот. С.С. се здобил со тешки телесни повреди“ – информира Биљана Ѓаковкса, портпарол на СВР Велес.

Извршен бил увид од страна на полициски службеници од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за инцидентот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати