Му променил податоци на сметка, кумановец собрал 11 илјади долари на велешанец

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. 

Откако пријавениот извршил упад во „account“ на „Content.ad“ која што претставува маркетинг стратегија за рекламирање на содржини и дистибуција на истите преку платен канал и направил промена на информациите за начинот на исплата на паричните средства. 

А.Д.  ја заменил постоечката девизна сметка сопственост на велешанецот   В.И. со својата девизна сметка, а воедно извршил и промена на е-mail адресата и промена на лозинката, со што се стекнал со имотна корист од 11.254 долари на штета на В.И.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати