Наградата за животно дело, Коле Неделковски за Васил Тоциновски

Петар Печков

Писателот и публицист Васил Тоциновски е годинешен добитник на наградата Коле Неделковски, која се доделува за животно дело. Признанието  беше врачено денес, на одбележувањето на  79-тата  години од смртта на поетот Коле Неделковски.  Годинава   наградата  се доделува  по четврти пат.  Лила Арсова претседател на  Клубот на писатели „Коста Рацин““ кое ја доделува наградата, образложи зошто Тоциновски е годинешен добитник.   

Пред македонската и светската јавност  Тоциновски е познат  како научен работник, истражувач на македонската  и велешката литературна историја. Особен придонес има во откривањето на непознати страници од историјата на Македонскиот литературен кружок во Софија. Тој има големи заслуги во откривањето на животната судбина со литературното дело на дводомните писатели од македонско потекло, за Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина - рече Арсова.  

Таа потсети дека во 1997-та година излезе, засега единствената монографија посветена на животот и делото на Коле Неделковски, чиј автор е токму Тоциновски, за што следната година ја добива наградата на ДПМ  за најдобра книжевна критика и есеистика „Димитар Митрев“. Во чест на добиената награда во дворот од спомен куќата на Неделковски, до неговата биста,  во родната Војница, Тоциновски засади дрво.

Наградата Коле Неделковски претставува и чест и задоволство но повеќе и обврска, со која се заокружува една приказна, која содржи имиња и презимиња- личности автори, кои се   гордост на нашата македонска книжевна традиција, континуитет и  културен идентитет. Коле Неделковски е една од крупните, значајни фигури во создавањето на современата македонска литература. Заедно со Кочо Рацин, Венко Марковски, Мите Богоевски, Ацо Караманов  ги удираат темелите на современата македонска книжевност, на македонскиот литературен јазик.  Неделковски е извонредна појава оти сопствениот развој го гради и изедначува со судбината на својата татковина  - изјави добитникот Тоциновски.  

Организаторот на чествувањето беше  Клубот на писатели ,,Кочо Рацин  а во спомен  куќата на Неделковски во село Војница се одржа и поетско  читање, посветено со дела за поетот.

Поетот Коле Неделковски  е роден во селото Војница, близу Велес, 1912 година.  Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка „М’скавици”, на македонски јазик, во духот на македонската народна песна. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга „Пеш по светот,,.

На 2 септември 1941 година, Коле Неделковски го завршува својот живот во Софија, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел. Останува неразјаснето дали бил фрлен од полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Но и дилемата кога починал Неделковски, оти на куќата од која скокнал, неколку децении стоеше спомен плоча  на која е забележано дека умрел на 1-ви септември, а информацијата за неговата смрт, софиските весници ја објавиле на 2-ри септември. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати