Награда за животно дело „Коле Неделковски 2024“ за Вера Благојевиќ Самарјанин

Петар Печков

Вера Благојевиќ Самарјанин е добитник на наградата „Коле Неделковски“ за 2024 година, која ја доделува Клубот на поети Коста Солев Рацин.

„Еден човек звучи малку, а може многу, особено кога несебично ја отвора својата писателска душа и ги споделува тајните на познати и непознати, преточени во убавиот пишан македонски збор, излеани во песни, раскази, зборници, сликовници, овековечени во 121 книга. Разлистувајќи страница по страница, книга по книга, ја запознаваме личноста на нашата драга пријателка, личноста на Вера Благојевиќ Самарјанин, писателка, мисионер на хуманистички вредности“ – кажа Соња Гаврилова член на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин.

Вера Благојевиќ Самаријанин е родена на 16 март  1955год. во Битола и таа иако е со постојано место на живеење во Битола, повремено престојува во Италија, Србија, Хрватска, Словенија и Канада, но континуирано создава и пишува на македонски јазик.

Мотивите во своите дела ги црпи од секојдневието, од детството, пишува за драгоцените семејни вредности, патриотските чувства за родната грутка земја, за својата Македонија,  подарувајќи 30 000 книги во градинки, училишта, библиотеки, домови за стари лица. Сите нејзини книжевни дела се самофинансирани со помош на семејството.
Има издадено седумнаесет прозни дела, триесет збирки со поезија за возрасни, една поезија за деца, четириесет и две сликовници и десет алманаси за основни училишта.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати