Наградените фотографи на натпреварот „Вики ја сака Земјата 2015 во Македонија“!

Петар Печков

Вики ја сака Земјата  е натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Натпреварот беше првпат организиран во 2013 г. од страна на Википедија на украински јазик, a во 2014 г. се спроведе во повеќе различни земји, меѓу кои и Македонија, и тоа со голем успех.

Целта на натпреварот е да соберат  фотографии од македонските национални паркови, природни резервати и заштитени споменици на природата. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири се  наградени со парични награди, и тоа:

Една прва награда – денарска противвредност од бруто 300 евра Чамец во водите на Охридското Езеро Автор: Дарко Цветаноски

Една втора награда – денарска противвредност од бруто 200 евра Поглед на езерото Козјак од хеликоптер Автор: Љубиша Богоевски

Три трети награди – денарска противвредност од бруто 100 евра  Зима над Преспанското Езеро Автор: Иван Трпков,  Манастирот „Св. Никола Шишевски“, Матка

Автор: Борис Гаџовски, Гасеница на ластовичина опашка Автор: Мартин Ташкоски

Наградени се  петте најголеми придонесувачи, во денарска противвредност од бруто 100 евра

Петмината наградени за број на фотографии  се следниве:

Место Име и презиме Фотографии

1 Дарко Николовски 1 619

2 Николина Николовска-Христовска 1 455

3 Мирка Попивановска 1 217

4 Тамара Савеска 1 108

5 Рашо Аврамовски 1 024

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати