Населбата Чашка доби клон на Детска градинка

Петар Печков

Од почетокот на месец мај во населба Чашка работи клон на Детската градинка ,,Димче Мирчев,, од Велес.  Клонот во Чашка е насловен ,,Бамби,, и во него засега има згрижени 27 а капацитетот  му е 40 деца. За нивно згрижување ангажирани се по 2 воспитачки и негователки,  и две лица технички персонал.  Денес во посета на клонот беше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На дело се гледаат  резултатите од нашите заложби да го зголемиме капацитетот и опфатот на деца од предучилишно образование. Овој објект се реконструираше  со пари од Министерството за труд и социјална политика. Сите деца вклучувајќи ги од руралните средини имаат право  на предучилишно образование, што не бече случај изминатите години. Отворањето на градинките во руралните средини  помага   на жените кои се неактивни. Вака им се дава шанса да ги сместат децата во градинка и да се вклучат на пазарот на труд - рече министерката Царовска.

На отворањето присуствуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски, кој најави поддршка за општините  за изградба на нови градинки и реновирање на постоечки објекти во институции за деца на предучилишна возраст.

Градоначалникот на Општина Чашка најави дека ќе се прошири мрежата на детски градинки низ општината а по барање на жителите, за што посочи директорката на Центарот за социјални работи Азиза Џини.

Во оваа градинка не се само  деца од населбата Чашка, туку и од околните населни места. Со поддршка од Владата и Министерство ќе отвориме градинки и во Долно и Горно Јаболчиште и евентуално во Извор,  населби каде има повеќе жители - рече Горан  Стојановски градоначалник на Општина Чашка.  Градинката е отворена со во сороботка со Општина Велес. Иста таква има и во населба Градско. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати