Најголемиот дел од садниците засадени на езеро Младост се зафанале, но претстои најтешкиот дел наводнувањето

Петар Печков

Од акцијата за пошумување изведена кон крајот на ланската година, опстанале  во најголем дел  ново засадените садници, на езеро Младост, соопштија од локалната власт. 

Без малку  100% од  младите садниците, засадени на опожарените површини на езеро Младост  се зафатени. Садниците се раззеленети, со добра виталност и добар развој - констатираа од Општина Велес, по увидот на засадените површини. 

Кон крајот на минатата година Општина Велес организираше масовна акција за пошумување во која  беа засадени 13.700 садници,  2 700 садници беа обезбедени од донатори кои самите ги засадија, а Општина Велес обезбеди средства за набавка на 11 000 садници кои ги засадија учесниците во акцијата.

Општина Велес со помош на ЈКП „Дервен“ неделава започна и со монтирање на хидрантска мрежа на пет локации околу езерото. Мрежата ќе се користи за наводнување на садниците и за превенција од пожари. Со цел да се зачуваат садниците засадени во околината на езерото, сите учесници во акциите и сите граѓани треба да имаат во предвид дека ни претстои најтешкиот период, садниците да го издржат првиот налет на високите летни температури. Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ ќе врши наводнување на подрачјето во текот на летото. Сепак, секоја со љубов засадена садница бара и посветеност од сите нас.  Да ги вратиме  заедно  природата и убавината на езерото „Младост“ - порачаа од локалната власт. 

По катастрофалниот пожар што  кон крајот на август лани, ја зафати околината на езерото Младост изгореа 169 хекари под борова шума од вкупно  409 хектари опожарена површина. 

Поврзани »

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ недела се прска против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати