Најдолгиот авио лет во светот е од Перт до Лондон

Петар Печков

Најдолгиот комерцијален лет без застанување во светот помеѓу Перт во Западна Австралија и во Лондон во Велика Британија полетува наредната недела, преку авио  компанијата Квантас.

Летот долг 14.466 километри од Перт до Лондон ќе трае околу 17 и пол часа, со што ќе биде најдолгиот нон-стоп комерцијален лет во светот.

Досега најдолгиот  комерцијален лет без застанување беше летот од Емирати Ерлајнс долг 14.200 километри од Дубаи до Окленд во март 2016 година, а траеше 16 часа и 35 минути. Овој лет госруши претходниот рекорд кој го постигна рутата Кантас Далас-Сиднеј долг 13.800 километри.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати