На Водици жена физички го нападнала поранешниот сопруг

Петар Печков

Нов случај на семејно насилство во Велес, овој пат поранешната сопруга го нападнала брачниот партнер, на прагот од нејзиниот дом. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 19.01.2026 во 11:50 часот, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава дека пред нејзинот дом физички го нападнала нејзниот 46-годишен поранешен сопруг“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.  

Жената била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

Лани, 2025 година во СВР Велес, од 80 пријави за семејно насилство, осум биле од мажи. 

фото илустрација интернет

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати