На Петровден, сабота ќе се прска против комарци, по втор пат во Велес

Петар Печков

Bторото  годинашно авионско третирање против комарци, за територијата на Општина Велес, ќе се изврши на 12 јули –сабота, во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месноста Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и  Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари.

Третманот се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција. Одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 03-162/1 од 15.04.2021 година.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати