На Прличко му го вратија идентитетот

Петар Печков

Спомен бистата на актерот Петре Прличко  во Велес доби мермерна  плоча, со која тој повторно  беше обележан. Претходно месингата плоча некој ја украл, а бистата која се наоѓа во Младински парк, половина година беше без обележја.    Локална власт постави нова, овој пат мермерна. Спомен бистата  на македонскиот актерски бренд Петре Прличко е дело на Томе Серафимовски. 

Срамота е споменикот на   Прличко,  еден од обележјата на Велес да биде без име и презиме. На Петре, меѓу најпознатите велешани,  му го вративме идентитетот, откако некој претходно се обиде да му го одзеде. Кога ја порачавме мермерната  плоча, изработувачот фирмата Гулеви, одлучи дека ќе ја изработи без надомест, како нивна донација, за што им благодариме  – изјави Катица Чадиева од Општина Велес.  

Минатата година, во декември месец, непознат сторител ја украде месингата плоча и таа заврши некаде на  отпад. Сторителот не беше пронајден а ТрМр откри дека плочата ја снема.  Слични проблеми имаа и месинганите букви на споменикот на Гемиџиите кај Мало мовче, кои во повеќе наврати се крадеа, се  додека локалната власт  на постави мермерна плоча каде беа врежани имињата на Солунските атентатори, па кражбите престанаа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати