На летната крводарителска акција во Градско, собрани 98 крвни единици

Петар Печков

Во Градско се одржа летна крводарителска акција на која беа собрани 98 крвни единици.  Од нив осум беа првократни, информираа од велешкиот Црвен крст. 

„Крводарителите од Градско повторно ја докажаа нивната хуманост. Собраните крвни единици ќе се искористат за помош на болните низ државата. Голема благодарност до сите нив“ – кажа Орце Николов секретара на ОО на Црвен крст Велес.

Тие заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беа организатори на акцијата.  Се одржа во Домот на културата Крсте Петков Мисирков. 

Ова е втора од трите крводарителски акции кои се одржуваат во текот на годината во Градско. Во првата годинашна беа собрани 103. Лани во трите беа собрани 200 крвни единици. 

Најава дека оваа седмица, четврок 20 август и недела 23 август ќе се одржат крводарителски акции, во Чашка по повод денот на Општината во салата на ОУ Тодор Јанев и големата летна која има традиција од  34 години а се одржува во Велес, овој пат во фоајето на велешки театар. 

фото ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати