На 14 февруари во Младински парк, хепенинг за Св. Трифун

Петар Печков

За 14 февруари, среда, годинава локалната власт, организира  одбележување на христијанскиот празник, кога се закројуваат лозјата. Манифестацијата по повод Свети Трифун, заштитникот на лозарите, ќе се одржи во Младинскиот парк.

„За прв пат се организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун. Во Младински парк граѓаните ќе имаат можност да уживаат во вкусот на виното на неколку локални винарници но и во вкусната храна од штандовите. За впечатокот да биде комплетен ќе се погрижат повеќе музички бендови и артисти“ - соопштија од Општина Велес.

Повеќе детали околу програмата најавено е дека  ќе бидат објавени наскоро.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати