Неготинец со условна затворска казна за предизвикување општа опасност и парична казна за мачење и убивање животни

Петар Печков

Неготинец доби условна зтворска казна за предизвикување општа опасност и парична глоба за убивање и мачење на животни. Основен суд Неготино ја изрекол пресудата со издавање на казнен налог. 

Според обвиненеито делото е сторено на 07.05.2023 година, на отворена просторна полјана, во склоп на рибник  во Демир Капија, како познато туристичко место каде имало голем  број на луѓе кои се релаксирале, како и малолетни деца кои си играле, со општоопасно дејствие предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето, иако бил свесен дека поради таквото дејствие може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи, предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето на начин што ја земал пневматската пушка марка  и пукал во кучето од расата „мелез“ со сопственик, кое го повредил и му нанел непотребни болки.

Со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“ и кривично дело „Убивање и мачење животни“. За кривично дело „Предизвикување општа опасност“ судот му изрекол  алтернативна мерка, условна осуда, со утврдена казна затвор во траење од 3 (три) месеци, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 1 (една) година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

За кривично дело „Убивање и мачење животни“, судот му изрекол парична казна во висина од 40 (четириесет) дневни глоби сметајќи ја една дневна глоба во вредност од 10 (десет) евра или вкупно 400 (четиристотини) евра во денарска противвредност од 24.600,00 (дваесет и четири илјади и шесттотини) денари. Обвинетиот е должен паричната казна да ја плати во рок од 15 (петнаесет) дена по правосилноста на пресудата. Предметот употребен за извршување на кривичното дело да се одземе. А обвинетиот  имал дозвола  за сопственост на оружјето.

Пресудата не е првосилна.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати