Недостатокот на антидијабетна терапија од почетокот на годинава и натаму без решение, алармираат дијабетичарите

Петар Печков

Нов апел за недостаток на антидијабетна терапија испорачаа пациентите дијабетичари, откако пред три седмици на 25 годишнината на одбележувањето на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ), тие алармираа за проблемот.   Ниту по дваесетина дена проблемот не е  надминат и решен а најпогодени се децата и младите. Проблемот кој е од почетокот на годинава, продолжува. 

„Пациентите со дијабетес во Македонија последните седмици се соочуваат со сериозен проблем на недостаток на антидијабетна терапија за новите и постојните пациенти, инсулин има.  За тип 1 нема сензори, нема глукомери. Апелирам до Министерството за здравство, после празниците да се надополни количината, да стигне до сите пациенти. Посебно да ја забрзаат дистрибуцијата на лентите, сензорите, глукомерите за децата и младите“ – кажа Димче Велев, претседател на СЗДМ. 

Корисници на антидијабетната терапија во Македонија се околу 40 илјади пациенти. Во Македонија се регистрирани  околу 140 илјади  лица со дијагноза дијабетес, 4 илјади се со тип 1  автоимуна болест, што подразбира современи методи за континуирано мерење гликемија. 

Од Министерството за здравство тврдат дека извршиле набавка на глукомери кои биле доставени до аптеките  а во тек е постапката за набавка на сензорите. 

„Од минатиот месец во сите инсулински аптеки, доставени се најсовремени глукометри и ленти за мерење гликемија. За сензорите за континуирано следење на гликемија, во тек е јавна набавка на истите и обезбедена е дополнителна количина за 150 пациенти, односно од досегашните 650 пациенти, по завршување на јавната набавка сензорите преку програмата ќе бидат достапни за 800 пациенти. Согласно законските процедури за јавната набавка во моментот течат административните рокови за жалба“ – соопштија од Министерството. 

На секои две години, во првите месеци од годината, се чувствува недостиг на антидијабетна терапија. Недостатокот  се објаснува со доцното распишување  на тендерите и лошото планирање од Министерството за здравство. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати