Ненад Витанов селектор на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“

Петар Печков

Режисерот Ненад Витанов е нов селектор на драмската програма на еминентниот фестивал „Охридско лето“. Тој е именувана од страна на директорот на НУ „Охридско Лето“ Ѓорѓи Цуцковски. За селектор на музичката програма е именувана  Симона Ѓорчева.

Досега   Ненад Витанов има режирано дваесетина театарски претстави во повеќе театри а неговите претстави се селектирани на повеќе театарски фестивали и имаат добивано награди. Вработен е во Народниот театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот во Велес. Витанов беше програмски директор на ФАД Стоби, организатор на „Рацинови средби“, директор на театарскиот фестивал „5РЕ“, како и дел од жирито за доделување на актерската награда за животно дело Петре Прличко.

„Со професионалноста и умешноста на новите селектори ќе внесиме свежина во програмата и убеден сум дека тоа ќе го препознае стручната критика и нашата верна публика“ вели директорот Цуцковски.

Ѓорчева и Витанов се истакнати уметници и културни работници, добро познати на музичката и театарската јавност, со богата професионална кариера.
Годинава 65 фестивалско издание на „Охридско лето“ ќе се одржи  од 12 јули до 20 август.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати