Повеќе филмови, повеќе проекции а помалку гледачи лани во Киноверзум Велес

Петар Печков

Ланската година проекциите на 3Д киноверзум во Велес ги посетиле 13.889 гледачи. Тие гледале 897 кино проекции на 122 филмови. Ова се бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. Или во просек секоја кино проекција ја гледале 15,5 гледачи а секој прикажан филм по 113,8 гледачи.

Поголем број на прикажани филмови, поголем број на кинопретстави а помал број на гледачи. Таква е состојбата со кино публиката во Киноверзум во Велес во ланската 2024 година, според податоците од Државниот завод за статистика.

Лани биле прикажани 132 филма што е за 10 повеќе од 2023 година, одржани биле 1.062 кино претстави, година дена пред тоа имало 897. Бројот на гледачи е во опаѓање и тоа драстично. Лани имало 6.307 што е двојно помалку од 2023 кога 13.889 лица купиле билет. Секоја кино проекција ја следеле по шест гледачи а еден филм го гледале по 51 гледач.

3Д КИНОВЕРЗУМ на јавниот повик ја доби на три годишно користење салата „Бели мугри“, тој истекува на почетокот на следната година.  Започна со работа на 19 јануари 2023  Водици, со прекцијата на филмот Аватар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати