Неуспешен спортски викенд за екипите од Велес

Петар Печков

Ракометарите на РК Фруитленд на домашен терен во дербито на дното со последниот РК Радовиш одиграа  нереешено 30:30 (14:15). Можноста велешани да го зголемат салдото против директниот конкурент за опстанок, не беше успешно. Како и во Радовиш, така и во Велес средбата заврши без победник а домаќините останаа на 10-то место со 7 бода, гостите имаат 4. Во следното коло РК Фруитленд гостува во Скопје на екипата на РК Бутел која е 6-та со 20 бода.

Одбојкaрите на ОК Борец во Штип се поразени од составот на оК Универзитет Гоце Делчев со максимални 3:0 (19,18,16). Домаќинот кој е втор со само еден пораз, беше доминантен и забележа сигурна победа. Велешани остануваат трети со 34 бода. Во следното коло, во Велес гостгува скопски ОК Работнички, кој е шести во ова друштво од шест екипи кои се натпреваруваат за разигрувње за првак на Македонија. Ова беше 4 коло од 10 колку што треба да се одиграат во оваа фаза а првите четири играат плеј оф.

Во 12 коло, второ пролетно на Првата футсал лига, во Велес играа последно пласираниот ФК Кеги Моби и лидерот КМФ Форца, кој забележа победа со 3:5. И по ова коло велешани останаа на дното со 8 бода а во следното  гостуваат на трето пласираниот тим на  КМФ Проект кој има 20 бода со 4 порази и 6 победи.

Дерби на дното играа и фудбалерите на ФК Борец во Втора лига. Дома  на Градски загубија со 0:1 од ФК Победа од Прилеп која беше 13-та со 15 бода. Гостите голот го постигнаа во финишот на средбата во 84 минута. Во следното коло ФК Борец кој остана претпоследен 15-ти со 6 бода, гостува во битолско Новаци на истоимениот тим, кој е11-ти со 19 бода.

Од следниот викенд почнуват натпреварите во Третата фудбалска лига Југ, каде настапуваат ФК Превалец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште, кои се при врвот, на 2 и 3 место.

Пораз и за кошаркарите на КК Борец во Скопје од КК МЗТ Скопје Уни баскет со 90:93. Средбата се играше во Скопје иако требаше во Велес, по есенската промена на теренот договорена меѓу двете екипи.  По овој пораз велешани се 4-ти со 24 бода,  а следното коло гостуваат на КК Водно санс, кој е 10-то со 5 победи и 10 порази.

 фото Радица Дукова

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати