Ниските температури придонесоа патничкиот воз утрово до Скопје за Битола да патува десет часа

Петар Печков

Утринскиот воз од Скопје за Битола, станал вечерен и до крајната дестинација патувал  околу десет  часови. За настанот раскажуваат патниците, кои ја користеле услугата на МЖ. Патничкиот воз од Скопје тргнал во 6,53ч и бил моторен, од новите, „кинеските“.

„Се беше во ред со патувањето до станица „Кадина река“. Таму се јави првиот застој, чекавме на станица Зелениково. Според зборовите на железничарите  на отворена пруга имало дефе3кт на  товарен воз, како не можел да повлече поради ниските температури и системот за кочење бил  во опасност да откаже и не функционира. Затоа се чекаше да дојде друга локомотива, да го повлече тој воз, дојдоа две, па пругата се ослободи. На Железничка станица Велес, наместо во 8 стигнавме околу 9,40 ч“ - раскажа еден од патниците.
 Потоа воз продолжил за Битола.  Се било во ред до Богомила, каде биле околу 11ч..

„Застанавме и возот не тргна со часови. Објаснувањето беше дека во големиот тунел кај Гостиражни, поради студеното имало прснато шина во должина од 15 см. И додека  дошла екипа, местела помошна шина, со спора брзина од 20 км. минавме  низ тунелот. И во Прилеп стигнавме околу 15ч а во Битола бевме во 16ч.“ -дополни патникот.    

МЖ во меѓувреме се договорила со мини бус ги презела патниците и префрлила до Битола. Од таму биле превземени патниците кои во 12,50 требало да тргнат за Скопје со патнички воз. Тие биле префрлени до Прилеп и со истиот воз, кој таму чекал, продолжиле до Скопје, иако во старт се доцнело три часа.

Од МЖ кратко кажаа дека на релацијата Скопје - Битола, патничкиот воз утрово имал технички проблеми поради ниските температури.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати