Нова книга, „Само Бог простува“ на велешанeцот Анде Јанков, четврта по ред

Петар Печков

Излезе од печат „Само Бог простува“  нова,  четврта книга на младиот автор, велешанецот Анде Јанков. Таа е издание на издавачката куќа „Антолог“. Иако е дипломиран економист, тој  пишува романи и ова му е неговата втора работна обврска.

„Ова е трет роман за истрагите на инспекторот Виктор Николов.  Една недела по излегувањето од печат, има голем интерес за неа.  Тоа ми е особено драго, но и поттик за да продолжам натаму да пишувам“ - вели авторот Јанков.

Неговите три  претходни книги  „Едно лето на Крит“ издадена 2016-та, „Виенски гамбит“  издадена 2020-та, „Сигурен ризик“ издадена лани,  предизвикаа голем интерес и читаност  а истрагите на инспекторот Виктор Николов, ги оставаат читателите без здив но со неизвесност кој е сторителот.   Трите  романи имаа неколку изданија, бидејќи  тиражите бргу се продадоа.

„Сакам да читам литература со крими заплети, трилери и затоа такви и пишувам. Инспирацијата и мотивацијата ја наоѓам од секојдневниот живот.  Живееме во такво општество, има од што да се инспирираме, работите не се совршени.  Општествените услови прилегаат да се твори во овој крими -трилер жанр“ - додава Јанков.  

Во своите дела Јанков одлично се впушта во жанрот трилер, кој секогаш има своја публика, каде со големо мајсторство ги внесува читателите во мистериите на извршените убиства. И со разрешницата, која малкумина ја очекуваат или претпоставуваат, ги држи до последната страница од книгата.

Авторот смета дека овој жанр, трилерот, малку е присутен кај македонските автори а  има  своја публика која го посакува. Една од книгите е подготвена со сценарио и за тв серија а еден од неговите романи „Едно лето на Крит“ може да се најде и на „Амазон“.

Поврзани »

СЕ ИЗДАВААТ ШАНКОВИТЕ НА ГРАДСКИ БАЗЕН

ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2022 за издавање на шанкови на Градски базен Велес за сезона 2022 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Македонија треба да продолжи да учествува на Евросонг?

  • да
  • не
  • не ја следам манифестацијата
Резултати