Нова опрема и апарати за ЈВП Лисиче и Центар за јавно здравје

Петар Печков

ЈВП ,,Лисиче,, Велес и Центарот за Јавно здравје Велес, добија нова апаратура и опрема во висина   од околу 100 илјади евра. Таа е обезбедена преку  Инспекторат за животна средина  и е донација на Европската Унија,  преку пред пристапната помош од  ИПА 1 фондовите.

Со овие нови апарати ќе се засили мониторингот на водите, кој и досега го вршевме. Така   ќе имаме подобри податоци и поквалитетно извршување на задачите кои  ни се обврска и постојано ги обавуваме  - изјави  Бобан Пановски директор на Јавното водостопанско претпријатие ,,Лисиче,, .

Опремата која тие  ја  добија   е за индикативни мерења на водите. Освен нив опрема и апарати вредни 350 илјади евра, добија неколку Центри за јавно  здравје од земјава, како и   државни институции, со кои ќе се мери   квалитетот на водата и воздухот, бучавата  во повеќе  македонски градови.  

Оваа опрема е  наменета за  подобрување на перформансите за   примена и спроведување  на  законодавството од   областа на   животната средина. Како инспекција ќе добиеме   навремени, веродостојни  резултати  за да може да имаме  брза реакција. Знаете загадувањето на одредени медиуми –вода, воздух е од краток временски период. Додека дојдат  нашите инспекциски служби, можно е загадувањето веќе да го нема. Со оваа софистицирана опрема  и апарати ќе имаме  подобри резултати – изјави   Дарко Блинков советник за меѓународна соработка  при Инспекторатот за животна средина.    

Се опремија  Центрите за јавно здравје од Скопје, Битола, Тетово, Универзитетот Гоце Делчев од Штип  и Хидробиолошкиот институт од Охрид во висина од 250 илјади евра. Таа е наменета  за испитување на квалитет на  вода  и воздух, за бучава, за ПМ 10 и како и  мултигас  анализатори.  

За користењето и работата на новата опрема, се одржа предавање од страна на грчки стручњаци,  на ХС ,,Лисиче,, која им е отстапена на користење, не во нивна сопственост.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати