Новиот блокбастер филмски хит за Спајдермен и во Киноверзум Велес

Петар Печков

Tpи филма се на репертоарот на Киноверзум следните седум дена, недела поради празникот е неработен ден. 

Со светската премиера и во Велес, во Киноверзум, Човек пајак –нов ден.  Заборавениот Питер Паркер  живее сам и целосно му се посветува на животот како Спајдермен сѐ додека сè поголемиот притисок не предизвика опасна промена и не се појави моќен нов непријател. Деноноќната борба против криминалот во свет што не се сеќава на него - и тагата што ги гледа старите пријатели кои продолжуваат без него - поттикнува промена кај Питер што тој можеби нема моќ да ја контролира. Но таа трансформација е можеби единственото нешто што може да ја запре ужасната нова закана за градот и оние што ги сака - моќен никаквец што никој не може ни да го види. Луѓето можеби го заборавиле Питер Паркер, но тој не ги заборавил нив. Том Холанд, Зендаја, Џон Бертнал јунаците од Одисеја и во Човек пајак –нов ден. Се прикажува од 19ч. освен денес, четврток со две проекции од 20 и 22,30 ч. 

Трета седмица на репертоарот е најгледаниот филм во светот, митски акционен еп,   работен според Хомеровиот еп Одисеја.  По тројанската војна, Одисеј се соочува со опасно патување назад кон Итака, среќавајќи суштества како Полифемус, Сирените и Калипсо по патот. Се прикажува до среда од 21,40ч.

Aнимираниот „Мињони и чудовишта“  кој е високо на листата по гледаност  во светот. Бурна, смешна и вистинска приказна за тоа како Мињоните го освоија Холивуд, станаа филмски ѕвезди, изгубија сè, ослободија чудовишта на светот, а потоа се здружија за да се обидат да ја спасат планетата од хаосот кој го создадоа. Се прикажува  во терминот од 17,30ч.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати